Кодекс на однесување
Како семејно-менаџиран бизнис и давател на услуги од логистиката кој работи во меѓународни рамки, ТИР има одговорност кон општеството и кон своите стандарди.
 
Покрај своите морални обврски и вредности, тековниот мониторинг претставува дополнителна причина поради која ТИР ги извршува сите активности и услуги на етички и законски беспрекорен начин. За да се избегне каков било конфликт на интереси, сите вработени на ТИР, без исклучок, ги почитуваат важечките закони на пазарот кој го опслужуваме, како и нашите интерни прописи.
 
Нашиот менаџмент со усогласеноста со прописите вклучува ТИР кодекс на однесување, како и ТИР упатства за политиката на однесување каде се дадени директни насоки за нашите вработени.
 
ТИР КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ
 
ПРЕАМБУЛА
Основата за сите активности во ТИР е нашето почитување на законско обврзувачките прописи на национално и меѓународно ниво, како и кои било обврски кои сме ги склучиле по сопствена одлука. Сите вработени и сите организациски единици во ТИР се обврзани меѓусебно да се информираат за правилата и прописите кои се применуваат во нивните области на надлежност во рамките на компанијата, да ги почитуваат истите, и во случај на двоумење, да обезбедат повеќе информации и консултации со релевантните оддели или тела. Првиот контакт на секој вработен секогаш треба да биде неговиот претпоставен.
 
Овој Кодекс на однесување важи за сите вработени во ТИР. Со истиот се опишуваат обврзувачките начела за однесување кон кои сите треба да се придржуваат. Ова ќе помогне во обезбедувањето на долгорочниот успех на нашата компанија. Прекршувањата на Кодексот на однесување нема да бидат толерирани и истите ќе резултираат во дисциплински мерки. Покрај тоа, прекршувањата на важечките закони може да доведат до последици кои се резултат од кривичното право и од законот за облигациони односи.
 
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
Одржливоста претставува корпоративна вредност за ТИР. За нас е особено важно што нашата обврска во оваа област е секогаш мерлива и транспарентна. Ние се стремиме кон економско и еколошко работење, и кон тоа дека не сме само свесни за нашата општествена одговорност, туку и дека истата активно да ја практикуваме.
 
Креирање и одржување на безбедни и фер работни услови.
ТИР ја презема одговорноста за своите вработени и се стреми кон креирање и одржување на атрактивна работна средина за истите, како и кон нејзино понатамошно одржување. ТИР осигурува објективни надоместоци и разумни работни часови за своите вработени и ја осудува секоја форма на принуден труд или детски труд.
 
ТИР има за цел да ја зачува и унапреди здравствената состојба на своите вработени. Поради таа причина, една од целите на компанијата е да се гарантира високо ниво на безбедност на сите свои производствени места. ТИР очекува сите негови вработени, а особено раководниот персонал, да бидат обврзани кон постојано одржување на безбедноста на работното место.
 
Заштита на животната средина
ТИР е посветен на внимателното ракување со природните ресурси. Поради тоа, ТИР треба да ги почитува законските прописи кои се применуваат за заштитата на животната средина.
 
Спречување на дискриминација
ТИР ги следи објективните и сеопфатните критериуми во однос на постапувањето и работењето со вработените и со своите деловни партнери. ТИР на своите вработени им гарантира работна средина во која нема толеранција за дискриминацијата и за секој вид на загрозување или обесправување врз основа на расна припадност, етничка припадност, пол, вера, убедување, хендикеп, возраст или сексуална ориентација.
 
ТИР очекува од своите вработени да ги почитуваат различните погледи на животот како и културните и националните разлики во своето постапување со другите вработени, вклучително со привремените работници и лицата вработени заради обука, кандидатите, поранешните вработени, како и деловните партнери.
 
Покрај тоа, ТИР очекува од својот раководен персонал да вложи посебни напори во однос на промовирањето на еднаквост меѓу мажите и жените во професионалното работење.
 
Доживотно учење
Во ТИР, дополнителното професионално усовршување и обука се сметаат за стратешки фактор за успех. Вработените треба да се подготват за тековните и идните предизвици на компанијата.
 
 
ДЕЛОВНИ ПАРТНЕРИ
 
Нашата цел е да создадеме ентузијазам кај нашите клиенти поради што нашата секојдневна работа се базира на исклучителен квалитет на услуги. Условите за ова ги креиравме со беспрекорна организација. Нашите вработени се извонредни во однос на нивната компетентност и пристап кој е ориентиран кон решенија. Постојано се стремиме кон подобрувања, и проактивно ја обликуваме нашата иднина.
 
Закони за конкуренција и против монопол
ТИР ја почитува слободната и непристрасна конкуренција. Вработените се обврзани да ги почитуваат релевантните закони со кои се регулираат активностите поврзани со конкуренцијата. Од генерален аспект, со важечките закони особено се забрануваат договори или согласување со пракси со конкуренти во врска со цени или услови, а со цел поделба на пазарот или клиентите и други нелојални конкурентски пракси.
 
ТИР не зема учество во бојкоти и одбивања за спогодување. ТИР ги забранува Договорите кои вклучуваат конкуренти кои вклучуваат ограничување на набавката на стока доколку истите имаат за цел, или произведуваат ефект на, значително намалување на конкуренцијата на пазарот во кој бизнисите работат.
 
Не само што се забранети таквите договори, туку се забранети и договорените режими на однесување и неформалните дискусии насочени кон, или кои произведуваат, ограничување на конкуренцијата.
 
Борба со корупција
ТИР има доверба во квалитетот на своите производи и услуги, како и во работењето на своите вработени.
 
Подмитување
ТИР изричито го отфрла подмитувањето на деловните партнери со пари, вредносни предмети, или со други услуги кои се еквивалентни на пари.
 
На вработените им е забрането да бараат, прифаќаат или да прифаќаат ветување за пари или предмети од вредност за возврат за купување на производи или други услуги.
 
Донации
Давањето или примањето донации од каков било вид е строго забрането ако истото се смета дека создава неодобрено влијание или пак дека создава преземање на обврска.
 
Подароци, гостомпримство и угостување
Ова важи и за угостувањето, гостопримството и поканите за настани кои го надминуваат она што е вообичаено и законски прифатливо.
 
Неодобрени подароци не смее да се даваат или примаат ниту индиректно преку трето лице.
 
Давањето и примањето на вообичаените подароци и на рекламните материјали со ниска вредност е дозволено, како и давањето или прифаќањето на деловни ручеци и покани за настани кои се директно поврзани со работењето, до степен кој е соодветен за деловната ситуација и позицијата на вклучените лица.
 
Неофицијални плаќања (facilitation payments)
ТИР не ги прифаќа „неофицијалните плаќања“. Неофицијалните плаќања се мали исплати на вработени лица во пониско ниво на владата заради осигурување на извршување на рутинска владина активност. ТИР ги забранува неофицијалните плаќања бидејќи истите се поткуп и се незаконски.
 
 
ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ
 
Доверливост
Успешноста на ТИР како дејност се базира во иновативниот капацитет на неговите вработени и во знаењето кои истите го стекнале во текот на 20 години. Поради тоа, сите вработени мора да осигурат дека оперативните и деловните тајни на ТИР и на неговите деловни партнери нема да бидат обелоденети надвор од компанијата. Забрането е да се објавуваат оперативните или деловните тајни без дозвола, да се пренесуваат на трети лица, или да се искористуваат за сопствени цели без дозвола.
 
Заштита на имотот на компанијата
ТИР очекува од своите вработени одговорно да постапуваат со имотот на компанијата, и да донесуваат деловни одлуки врз основа на анализи на ризик и добивка кои може да се следат од деловна перспектива. Ова вклучува внимателна проверка на интегритетот на деловните партнери на ТИР.
 
ТИР високо го вреднува интегритетот на своите вработени. Во зависност од видот на дејноста, местото каде работат вработените и активностите во кои се вклучени, повремено може да биде потребно да се оцени нивната финансиска состојба и личниот интегритет.
 
Известување
Сите документи на ТИР – вклучително со финансиските извештаи (за надворешна употреба) и сметководствените документи и фактури (интерна употреба) – мора точно и јасно да ја презентираат релевантната фактичка содржина.
 
Заштита на податоци
На вработените не им е дозволено да ги користат оперативните ресурси за сопствени лични цели, освен ако истото не е изрично дозволено во нивниот работен договор, или во одделен договор, или од страна на нивните претпоставени. Особено е забрането за вработените да ги користат системите на ТИР за гледање, зачувување или испраќање на страници или пораки кои содржат законски забранет или навредлив материјал.
 
Избегнување на конфликт на интерес
ТИР очекува од неговите вработени да не реализираат активности или задачи со кои се нарушуваат интересите на компанијата. Забрането е да се дава повластен третман на одредени деловни партнери поради личен интерес – особено членови на семејство. Дури и наизглед повластен третман за приватни интереси треба да се избегнува.
 
 
ДОВЕРЛИВОСТ
 
Усогласеност со начелата за национална и меѓународна трговија
ТИР ги почитува сите национални и надворешни трговски прописи. Вработените мора истите да ги почитуваат, а особено кои било важечки забрани за извоз или увоз, барања за официјални одобрувања, и важечките царински и даночкни прописи. Трансакциите кои ги нудат клиентите, а кои се во спротивност со овие прописи, мора да се одбијат. ТИР може да не обезбеди одредени услуги или производи доколку постои сомневање дека истите можат да поддржат такви нелегални трансакции. Во овој контекст, особено е важно да се запазат прописите насочени кон спречување на терористички активности. Исто така, ТИР става посебен акцент врз почитувањето на националните и меѓународните закони за спречување на перење на пари.
 
Работење со медиумите
Обезбедувањето на јавноста – вклучително и на медиумите – со јасни, ориентирани кон дијалог и конзистентни информации, го зајакнува глобалниот имиџ на ТИР. Поради тоа, официјалните изјави, особено за медиумите, може да се дадат само по консултација со овластените вработени лица.
 
 
ПОЧИТУВАЊЕ НА КОДЕКСОТ НА ОДНЕСУВАЊЕ
 
Спроведување и организација
Сите вработени на ТИР се обврзани да го почитуваат овој Кодекс на однесување. Раководниот персонал има особено важна улога во истото. Тој служи за пример, треба да биде достапен за какви било прашања во врска со кодексот на однесување и е одговорен за осигурување дека во рамките на нивната надлежност, вработените се доволно свесни за начелата и за другите елементи од системот за вредности на ТИР.
 
Сите вработени на ТИР добиваат обука која е посебно дизајнирана за нивната област на активности и за нивните потреби.
 
Овој Кодекс на однесување редовно се ревидира и менува во согласност со тековните барања (на пример, промени во законот).
 
Доколку и кога е потребно, се изготвуваат упатства за да ги надополнат начелата на овој Кодекс на однесување; истите ќе содржат детални инструкции за активности и ќе се сметаат за обврзувачки.
 
Нашите деловни партнери ќе бидат информирани за овој Кодекс на однесување. Исто така, и од нив очекуваме да се однесуваат непристрасно, со интегритет и во согласност со законот.
 
Информирање за прекршувања
Вработените на ТИР се обврзани да ги информираат раководителите или Службата за усогласеност со законската регулатива за прекршувањата на законот или на интерните прописи. Сите пренесени информации ќе се третираат како доверливи.
 
Заштита на лица кои информираат за неправилности
ТИР не толерира никакви активности против лица кои информираат за реални или претпоставени прекршувања на Кодексот на однесување. За возврат, ТИР го задржува правото да преземе дисциплински мерки против вработените кои намерно поднесуваат лажни обвинувања.
 
 
 
 
ТИР ДООЕЛ Скопје
 
Генерален директор
Сашка Блажевска Чоланчевска