Политика на сигнализирање
Политика за лица кои укажуваат на неправилности 
 
Важен аспект на одговорноста и транспарентноста е механизмот кој им овозможува на сите поединци интерно да се изјаснат за прашањата кои ги загрижуваат на одговорен и ефективен начин кога истите ќе дојдат до информации за кои веруваат дека укажуваат на сериозно несовесно работење.
 
Консултациите се во срцето на културата на компанијата и со нив поединецот избегнува самостојно решавање на тешка етичка ситуација. Вработените треба првично да се консултираат со нивниот раководител. Доколку не се чувствуваат комфорно во однос на покренување на прашањето преку вообичаените канали за информирање на Компанијата, може да побараат помош преку оваа политика за лицата кои укажуваат на неправилности.
 
Поради тоа, нашата политика за лица кои укажуваат на неправилности е фундаментална за професионалниот интегритет на Компанијата. Покрај тоа, со неа се зацврстуваат вредностите утврдени од страна на компанијата во однос на вработените за истите да бидат чесни и почитувани членови на нивните професии. Се обезбедува метод за соодветно разгледување на бона фиде загриженоста која поединецот од компанијата може да ја има, а притоа им нуди на тие лица и заштита од виктимизирање, малтретирање или дисциплински постапки.
 
 
За што се применува оваа политика?
Укажувањето на неправилности претставува доверливо откривање од страна на поединецот на која било загриженост со која истиот се соочил на работното место во врска со забележана неправилност. Таквата неправилност, според компанијата, вклучува:
  • Несовесно работење – како што е неморално, незаконско или неетичко однесување; (вклучително со ситуации во кои нечие здравје и безбедност се доведени во опасност) 
  • Сериозно несоодветно однесување (прекршување на закони или интерни прописи) 
  • Потенцијални прекршувања на ТИР Кодексот на однесување и сите релевантни професионални институции 
 
За кого се применува оваа политика?
Оваа политика се применува за сите оние кои извршуваат работи за компанијата 
  • Партнери; 
  • Сите вработени; 
  • Изведувачи и подизведувачи;
  • Стажанти или други практиканти. 
 
Процес за постапување по откривање на укажани неправилности:
 
Поединците може да се изјаснат за предметот на својата загриженост преку различни канали, вклучително преку:
 
- Службата за усогласност со законската регулатива
- Директна линија со Службата +389 71339046
- Е-пошта на Службата: compliance@tir.com.mk
 
Сите обелоденувања доставени до горенаведените страни ќе се третираат како доверливи. Лицето кое информирало треба јасно да назначи дека таквото откривање го врши во согласност со политиката за укажување на неправилност на компанијата. На тој начин ќе се осигури дека примателот на обелоденувањето истото го разбрал и ќе ги преземе потребните активности за истражување на обелоденувањето и заштита на идентитетот на лицето.
 
 
Можен исход по информирање за предмет на загриженост 
 
Нема да има негативни последици за ниту едно лице кое ќе информира за неправилност со добра волја. Меѓутоа, лицето за кое ќе се утврди дека обвинувањата ги направило со лоша волја или злонамерно, може да биде предмет на дисциплинска постапка.
 
По истражување на предметот, може да се преземат следните активности:
  • Дисциплинска постапка (до и вклучително со отпуштање) против сторителот зависно од резултатите од истрагата; или; 
  • Дисциплинска постапка (до и вклучително со отпуштање) против лицето кое укажало на неправилноста доколку се утврди дека тврдењето е злонамерно или со лоша волја; или 
  • Нема да се преземат активности доколку тврдењата се покажат како неосновани. Лицето кое укажало на неправилноста ќе биде информирано за напредокот и резултатот од истрагата, во рамките на ограничувањата поврзани со одржувањето на доверливоста или генералното запазување на законските ограничувања.