Политика за злоупотреба на алкохол и наркотички средства
ТИР не поддржува употреба на алкохол и наркотички средства по ниеден начин. Целта на оваа политика е да се осигура безбедноста и продуктивноста на сите вработени. Истата се однесува на вработените, постојаните соработници и привремено ангажираните правни и физички лица. Субстанците кои ги опфаќа оваа политика вклучуваат алкохол, илегални наркотици, инхалатори, како и медикаменти препишани од доктор и медикаменти кои можат да се набават без рецепт.
 
Го задржуваме правото за проверка на нашите простории за овие супстанци.
Го задржуваме правото за спроведување на тестови за откривање на прaсуство на алкохол или наркотични супстанции во секое време. Можеме да го прекинеме вашиот работен однос во секое време ако ја прекршите оваа политика, одбиете да бидете тестирани или давате лажни информации.
 
Правила на политиката
 
Субстанцата” опфаќа алкохол, илегални наркотици, инхалатори, како и медикаменти препишани од доктор и медикаменти кои можат да се набават без рецепт.
 
Илегален наркотик” е секоја супстанца чија употреба, поседување, продажба или пренос е забранет со закон.
 
Реквизити за дрога” се било какви предмети употребени или наменети за употреба во изработка, пакување, прикривање, инекција, вдишување или конзумирање на дрога или инхаланти.
 
Лекарство претпишано од лекар” е секоја супстанција пропишана за индивидуална употреба од лиценцирано медицинско лице.
 
Инхалант” е секоја супстанција која произведува ефекти на менување-на-свест кога се вдишува.
 
Сметаме дека сте „под влијание” ако некоја субстанца:
  • го нарушува вашето однесување или вашата способност да работите безбедно и продуктивно;
  • ве доведува во физичка или ментална состојба која создава ризик по вашата безбедност, безбедноста на другите или имотот на компанијата; 
  • е докажано присуство на супстанцата во вашето тело, со помош на лабораториски докази, во повеќе од препознатлива трага.
Службени простории на компанијата” ги вклучуваат зградата, земјиштето, паркингот и возилата во сопственост на компанијата.
 
 
Правила на компанијата
 
Морате да ги следите следните правила додека сте во просториите на компанијата и додека изведувате работи за компанијата. Правилата се применуваат на секое место каде се наоѓате додека извршувате работи за компанијата, вклучувајќи ги и возилата на компанијата и вашето приватно возило:
 
  1. Не смеете да користите, поседувате или да бидете под дејство на алкохол во службените простории на компанијата. Ако управата дозволи, можете да пиете умерено на одредени службени или социјални собири кои се надвор од службените простории на компанијата. 
  2. Не смеете да користите, поседувате или да бидете под дејство на недозволени наркотици.
  3. Не смеете да продавате, купувате, пренесувате или дистрибуирате никакви наркотици. Тоа е забрането со закон и вашите активности ќе бидат пријавени на властите.
  4. Не смеете да продавате, купувате, пренесувате или дистрибуирате никакви реквизити за дрога.
  5. Не смеете да користите или да бидете под дејство на инхаланти.
  6. Ако користите медикаменти набавени без рецепт додека работите, морате да ги користите според упатствата приложени со лекот.
  • Можете да користите лекови препишани на лекарски рецепт на работа само ако истите се препишани во тек на изминатата година.
  • Можете да користите лекови на рецепт или лекови кои се издаваат без рецепт само ако не влијаат на вашата способност за безбедна работа.
  • Морате да ги следите упатствата приложени со лековите вклучувајќи го дозирањето и предупредувањата околу употребата.
  • Морате да ги чувате овие лекови во нивните оригинални пакувања и да носите со себе доза не поголема од еднодневната. 
 
Компанијата може да консултира доктор за да утврди дали лекарствата препишани од лекар или оние кои можат да се набават без рецепт можат да создадат некаков ризик на работното место. Во таков случај компанијата го задржува правото да ве спречи да работите сѐ додека користите лекарства кои создаваат таков ризик.
  1. Не смеете да управувате или работите со машини додека употребувате лекови на рецепт или лекови кои се издаваат без рецепт кои влијаат на вашата способност да работите безбедно. Ова вклучува и управување и користење на возила.
Морате да соработувате со секоја истрага за злоупотреба на забранети субстанции. Истрагата може да користи тестови за користење на алкохол, дрога или инхаланти.