Патен транспорт
ТИР како партнер на локалните и водечките шпедитерски компании од цела Европа, е добро позициониран и квалификуван да обезбеди за вашата компанија ефикасни и прилагодени домашни и прекугранични програми за дистрибуирање на вашата стока.
Нашите експерти за патен транспорт ќе осигурат оперативна извонредност како и решенија кои се ефективни во однос на трошоците, а кои ги исполнуваат вашите барања од аспект на времето на транзит, флексибилноста и иновацијата, со акцент врз услугите со додадена вредност. Нашиот бизнис (asset-light) оперативен модел ни дава можност да ги избереме соодветните квалификувани подизведувачи врз основа на различните барања на клиентите, со акцент врз усогласеноста, безбедноста, сигурноста, професионализмот и еколошкото лидерство.
Се разбира, патните услуги на ТИР може беспрекорно да се комбинираат со сите наши воздушни и прекуморски транспортни производи во рамките на нашата светска мрежа. Поради тоа, може да ви понудиме вистински мултимодални „врата-до-врата“ решенија на која било локација и во кое било време.
Услуги од патниот транспорт
Услуги со целосна натовареност (Full Truck Load)
Овие услуги ги претставуваат најбрзите „врата-до-врата“ услуги со најкраток транзит, што важи и за стандардните услуги и за специјалниот транспорт, како што се тешката или преголемата пратка.
Транспорт на релативно мал товар (Less than Truck Load) и консолидирање
Ова е ефикасна алтернатива во однос на трошоците за индивидуално пакуваните пратки со максимална флексибилност и доверливост. Ќе имате придобивки од сеопфатната понуда на поврзаните транспортни решенија.