Логистика
Денес, синџирот на понудата и побарувачка станува се посложен. Тоа не само што влијае на цените туку бара од компаниите кои обезбедуваат логистичка подршка да бидат агилни, темпераментни и ориентирани кон потребите на потрошувачот во потрагата по најдобро решение.
 
Преку нашата глобална мрежа, теренско знаење и експертиза им овозможуваме на клиентите солуции кои додаваат на вредноста на нивниот производ. Нашата страст е постигнување на оперативната совршеност.
 
Со нашето познавање на сите поголеми индустрии, нашите силна локална организација и нашето долгогодишно искуство во понудата на логистички услуги, можеме да им обезбедиме на нашите клиенти совршен баланс помеѓу цената и перформансите.
 
Обезбедуваме складиштење на робата преку нашиот складиштен простор лоциран во Скопје од околу 1200м2. Просторот е опремен за царинско и безцаринско складиштење.
 
 
Услуги на складиштето:
  • Прием на роба
  • Менаџирање на инвентар
  • Пакување
  • Наплата
  • Донашни и интернационални услуги
Без операциони ограничувања
Без фиксни трошоци
Флексибилен простор
Комплетен увид во робата
Долгорочни и краткорочни договори
 
 
 
 
 
Додатни ислуги на складиштење
 
Истите се обезбедуваат во рамките на центрите за дистрибуција на мрежата на партнерот Panalpina, најмногу за пратките кои се испраќаат, но и за оние кои се примаат, меѓу ОЕМ (оригиналниот производител на опрема) и Дистрибутерот. Panalpina обезбедува:
 
Извршување (FF) и E-извршување (E-FF)
Одложување (PP)
Повторно пакување(RP)
Трансформациски „Cross Docking“ (претоварување на пратки) (TXD)
Спојување во транзит (MIT)
 
Извршување (FF) и E-извршување (E-FF)
FF е управување со нарачка за испраќање како поддршка на активностите за складиштење во име на клиентите каде Паналпина може да управува со процесот од почеток до крај, вклучително со преземање на нарачката, пакување, услуги на додадена вредност и координација на превозот. Додека Е-извршување има технолошки решенија како поддршка на моделите за е-Трговија за клиентите вклучително со проширените барања за услуги на додадена вредност како поддршка на овие видови на модели на бизнис фокусиран кон клиентите.
 
Главни придобивки за клиентите од FF и E-FF:
  • Економија на обем со употреба на глобалната мрежа на Паналпина со локални складишта и дистрибуциски објекти.
  • Намалени инвестиции за е2е дистрибуциски мрежи со пониски трошоци за ракување и време за завршување.
    FF е услуга дизајнирана за сите индустрии, додека E-FF се фокусира на секторот мода и на потрошувачката и малопродажната индустрија.
 
Одложување (PP)
Одложување е деловна стратегија со која се максимизираат можните добивки и се минимизира ризикот со одложување на диференцирањето на производот до последен момент. Диференцирањето го врши Паналпина во име на клиентите пред испораката до клиентите. Ова вклучува активности како што се означување (flashing), вчитување на софтвер и прилагодување на производ.
 
Главни придобивки за клиентите од PP:
  • Подобрување на пазарната пенетрација со поголема флексибилност 
  • Намалување на трошоците (производство, транспорт и инвентар) 
  • Економија на обем и побрзо време на реакција 
    PP се фокусира на здравствената грижа, високата технологија, телекомуникациската и потрошувачката и малопродажната индустрија.
 
Повторно пакување (RP)
RP ги подржува активностите за повторно пакување на производот во име на клиентот во насока на поефикасна консолидација, складирање, превоз и потенцијално ребрендирање со цел подобрување на квалитетот и намалување на трошоците.
 
Главни придобивки за клиентите од RP:
  • Поголема флексибилност и повеќе ресурси 
  • Намалени инвестиции во инфраструктурата 
  • Може да се намалат и трошоците за ракување и времето на извршување 
    RP се фокусира на високата технологија, телекомуникациите, здравствената грижа, модата, потрошувачката и малопродажната индустрија, и индустријата за нафта и гас.
 
Трансформациски „Cross Docking“ (претоварување на пратки) (TXD)
TXD е логистичка услуга со дополнителна цена, каде испораките од повеќе даватели веднаш се примаат, распределуваат и подготвуваат за една или за повеќе испораки до крајните клиенти врз основа на специфицираните детали за нарачка. Истата вклучува извршување на услуги на додадена вредност како што се повторно пакување, означување, итн.
 
Главни придобивки за клиентите од TXD:
  • Употреба на синергии меѓу повеќе од еден набавувач за испорака до, како и за испораки од, складиште (хоризонтална транспортна соработка)
  • Економија на обем и побрзо време на реакција
    TXD се фокусира на висока технологија, телекомуникации и потрошувачката и малопродажната индустрија.
     
Спојување во транзит (MIT)
Стоката за клиентот од повеќе извори преку повеќе транспортни провајдери / видови за една нарачка се праќа до централната локација. Оваа стока се консолидира за испорака од складиште до крајниот клиент врз основа на барањата од нарачката. Некои од производите ќе се задржат во инвентарот сѐ додека не се добијат и консолидираат сите компоненти од нарачката.
 
Главни придобивки за клиентите од MIT:
  • Една испорака за повеќе нарачки. 
  • Помалку инвентар на крајната дестинација / место на испорака. 
  • Флексибилност во услугата и оперативна извонредност. 

MIT се фокусира на  висока технологија, телекомуникации, потрошувачката и малопродажната индустрија и индустријата за нафта и гас.