Етика и усогласеност
Посветени сме кон водење на бизнисот со интегритет, почит кон различни култури и различностите и правата на индивидуите во секоја земја.
 
Ние ги поддржуваме принципите наведени во Универзалната декларација за човекови права на ОН и се обврзуваме за почитување на работните и еколошките стандарди.
 
Во нашите постапки и нашите односи со другите, ние ќе 
  • го почитуваме владеењето на правото,
  • го ветуваме само она што очекуваме да се оствари,
  • свесно нема да ги доведуваме другите во заблуда,
  • нема да учествуваме во неприфатливи бизнис практики,
  • ќе ги исполнуваме нашите обврски и ветувања,
  • ќе ги третираме луѓето со почит и достоинство,
  • никогаш нема да се направи намерно штета на никого. 
 
Го очекуваме истото од третите страни кои дејствуваат во име на ТИР.
 
НАШИТЕ ДЕЛОВНИ ОДНОСИ
 
Ние веруваме дека долгорочни односи засновани на доверба и заемна корист се од витално значење за одржлив и успешен бизнис. 
 
Ќе обезбедиме заедничка предност преку
  • разбирање на потребите и аспирациите на вработените, клиентите, изведувачите и партнерите,
  • спроведување на нашите активности на начин кој носи придобивки за сите оние со кои имаме соработка,
  • исполнување на нашите обврски како одговорен член на заедниците во кои работиме.
Ќе работиме на градење долгорочни односи кои се темелат врз високи стандарди за изведба, со исполнување на ветувањата и водење на нашиот бизнис со отвореност и флексибилност.